На 11 јуни 2022 година (сабота) претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски ќе го пречека канцеларот на Сојузна Република Германија Олаф Шолц, кој ќе пристигне во еднодневна официјална посета на нашата земја.

Според агендата за посетата, официјалниот пречек на платото пред Владата е во 8:30 часот, а потоа следува билатерален состанок на двете делегации.

Програмата за посетата предвидува и заедничка прес-конференција на премиерот Ковачевски и канцеларот Шолц во 9:45 часот со формат за новинарски прашања 2+2.