Биди победник – дарувај крв! Компанијата „Mozzart“ ја продолжува својата општествено одговорна мисија со поддршка на Здружението Крводарител, кое веќе долга низа години настојува да обезбеди соодветен број крвни единици, а воедно обезбедувајќи дополнителни придобивки за крводарителите.

Еден од начините е вклучување и на деловните субјекти, па така Mozzart преку ова спонзорство ќе ја поддржи мисијата на Здружението и ќе обезбеди подароци за оние кои ќе одлучат да даруваат крв.

“Пред се Им се заблагодаруваме на MOZZART, како општествено одговорна компанија, за поддршката на нашите активности. Ние, како Здружение основано од крводарители и примарна цел популаризација на крводарителството, се обидуваме да допреме до правните субјекти, да им ја објасниме важноста на крводарителите како незаменлив фундамент на супортивниот медицински третман, како и основа за сите оперативни зафати”, истакна претседателот на Крводарителите Дамир Смајловиќ.

Како такви, општеството мора да продолжи да го негува и поддржува култот на хуманоста…

“бидејќи никогаш не се знае кому ќе му биде потребен некој крводарител, да издвои дел од своето слободно или работно време, да потроши лични ресурси за да дојде до местото на дарување, да го даде најскапоцениот подарок што може некој може да ви го подари, и после сето тоа да продолжи со своите активности” заклучува Смајловиќ.

Mozzart продолжува да ја подига свеста за важноста на дарувањето крв и најавува заеднички акции со ова Здружение.

пр текст