На 15.07.2022 во 19.50 часот било пријавено дека во Градската болница во Прилеп бил донесен В.Х.(72) од Прилеп кој,според пријавеното, се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа.

Имено, според пријавеното, на ул.“Динара“ во Прилеп патничко моторно возило удрило во велосипед, управуван од В.Х., по што го напуштило местото на настанот. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп и се работи на целосно расчистување на случајот.