На 06.05.2022 во 13.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на локалниот пат с.Русиново-Русинска крстосница, на место викано „Шталите“, атар на с.Русиново, патничко моторно возило „киа капитал“ со беровски регистарски ознаки, управувано од А.М.(20) од с.Русиново, удрило во пешаците Ж.М.(59) и К.П.(38), двајцата од с.Русиново.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата пешаци констатирани во Медицинскиот центар во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Берово.