Денеска (18.03.2022) околу 07.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека во тетовска Брвеница патничко моторно возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 30-годишниот С.И. од тетовска Волковија, удрило во 35-годишната Ц.Ј. од Брвеница.

Во несреќата Ц.Ј. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.