На 12.03.2022 во 08.45 часот било пријавено дека на паркинг простор на ул.„Миле Поп Јорданов“, патничко возило „фолксваген поло“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(30) од Скопје удрило во велосипед управуван од С.А.(56) од Тетово, кој живее во Скопје.

Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.