На 03.12.2022 во 20.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Благоја Стефковски“ во Скопје, патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.П.(38) од Скопје, удрило во пешакот И.В.(51) од Скопје.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.