На 14.04.2023 околу 18.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крак од ул.„11 Ноември“ во Куманово, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од лице(35) од Куманово, удрило во малолетен пешак од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општа болница Куманово. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.