Пред Преспанскиот договор немаше да биде возможно формирањето на Центарот за македонски јазик во Грција
Vestiplus.mk
+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Пред Преспанскиот договор немаше да биде возможно формирањето на Центарот за македонски јазик во Грција

„Центарот за македонски јазик во Лерин е нешто што не беше можно пред 5 години. Доаѓа како резултат од Договорот меѓу нашите две земји, од Преспанскиот договор. Тоа го овозможи и именувањето на јазикот што речиси беше забрането во Грција. Ние бевме критикувани секогаш кога говоревме дека постои и друг јазик во нашата земја, иако имаме уште 5 други јазици како малцински“ вели професорката Александра Јоаниду, од Факултетот за балкански, славистички и ориентални студии на Универзитетот во Солун, којашто сведочеше пред судот во Лерин во заштита на правото на регистрација на Центарот за македонски јазик и во заштита на правото на Македонците да го учат и говорат својот мајчин јазик.

Во нејзиното интервју за серијалот „Три дена во Лерин и Мала Преспа“ на порталот „Рацин.мк“ Јоаниду формирањето на Центарот за македонски јазик го оценува како многу позитивна работа и истакнува дека таа и нејзините колеги 25 години се соочувале со бројни предрасуди.

„Се справувавме со многу предрасуди, со национализам. Мислам дека јас и мојата генерација во Грција всушност ги посветивме нашите животи во борбата против национализмот. Ако нашите родители се бореа со фашизмот, ние се боревме со национализмот, коишто не се многу далеку еден од друг“ укажува професорката Александра Јоаниду.

Како што кажува професорката формирањето на Центарот за македонски јазик е историски настан, а судијката којашто ја донесе таа одлука е многу храбра и посебна судијка.

Можеби ќе ве интересира...

Амбасадорот на Полска во САД за Си-Ен-Ен: Русија ја губи оваа војна

Vesti +

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Заев и Филипче на форумот во Анталија – “Итен прекин на војната во Украина, враќање на мирот и воспоставување дијалог наместо агресија”

Vesti +

Судбина: Алејна (17) спасена по 248 часа под урнатините: Бев сама и без ништо

Vesti +

Маричиќ: Владата веќе некое време има план за ублажување на ефектите од украинската криза за нашите граѓани

В+

Пенов: Имаме помош за општините чии сметки се поголеми од приходите, но нивна обврска е да штедат струја

Vesti +

203 санкции за брзо возење

Vesti +