Фејсбук статус на пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски:

Денеска пазарев основни намирници во еден маркет во Куманово и со сограѓаните пред рафтовите констатиравме дека има сериозна злоупотреба од “големите газди” и непочитување за намалување на цените.

Премиерот и Владата направија се, за да се намалат цените и да им се олесни на граѓаните со конкретни мерки.

За “големите газди”-дрски профитери кои прават профит на нашиот грб, ИТНО уште утре да им се направи инспекција, нема веќе ТОЛЕРАНЦИЈА и МОЛК.

Не е нормално некој едвај да се прехрани, некој на мака на народот да прави милиони.

Или да ги почитуваат мерките и помош од Владата или да ги означиме јавно и да ги бојкотираме(да не пазариме кај нив) ТРЕТО НЕМА.