Бисера Костадинова Стојчевска, заменик-шеф на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, учествува на седницата на Комисијата за политички прашања и демократија, што се одржува денеска во Париз, Франција.

На Комисијата за политички прашања и демократија, членовите расправаа за унапредување на здравстените демократии во Европа, влијанието на BREXIT врз човековите права на островот на Ирска, зачувување на столбовите на демократијата во текот на здравствената криза, за воведување на статусот „млад партнер“ со Парламентарното собрание, за зајакнување на улогата на Советот на Европа во европската политичка архитектура, за геополитиката на Медитеранот, за формирање на поткомисија за 2022 година и за визијата на Собранието за стратешките приоритети за Советот на Европа.