„До крајот на декември треба да ја започнеме исплатата на новиот пакет антикризни мерки, односно и кај пензионерите и кај примателите на правата кои се опфатени со антикризните мерки, како и учениците. Утре на Влада ќе помине законот за финансиска поддршка којшто очекувам во Собранието следната недела да биде изгласан, затоа што е од исклучително значење за граѓаните“, рече неодамна Јованка Тренчевска од МТСП.

Претходно како што објавивме Владата одлучи за пензионерите кои земаат пензија до 14.000 денари да добиваат и 3000 денари дополнителна помош во наредните пет месеци, додека пензионерите кои добиваат пензија од 14 до 16 илјади да добиваат 2000 денари помош, а пензионерите кои добиваат меѓу 16 и 19 илјади денари да добијат 1500 денари.

Извор: BiznisPRO.com