Во 16.20 ч во СВР Битола пријавено беше дека на регионалниот пат Битола- Кичево кај м.в”Бели мост” случена е сообраќајна незгода во која патничко моторно возило марка “мерцедес” со демирхисарски регистарски ознаки управувано од Б.Г.(33)од с.Белче,демирхисарско изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

Во незгодата од здобиените повреди починала на лице место сопатничката Ј.Г.(25)од с.Белче каде од страна на ИМП е констатирано смрт ,а кај малолетен сопатник кој е пренесен во Клиничката Болница Битола констатирани се тешки телесни повреди . Увидот е извршен од страна на увидната екипа на СВР Битола.Од страна на јавен обвинител издадена е наредба врз телото на починатата да се изврши обдукција.

*фотографијата е илустративна