На 24.05.2022 во 18.45 часот во ОВР Кочани било пријавено дека во близина на с.Бање, кочанско, во канал за наводнување бил пронајден починат Р.А.(27) од Кавадарци, за кој на 23.05.2022 во 17.10 часот беше пријавено дека најверојатно паднал во каналот додека извршувал работни задачи на објект во с.Тркање, кочанско.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Кочани, а по наредба на Јавен Обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.