Ш.Х. (55) од Гостивар вчера бил пронајден починат во стан на улицата „ЈНА“ во Гостивар.

Случајот во полиција бил пријавен во 10 часот.

Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар, а увид извршила екипа од мвр, објави полицијата.

По наредба на Јавен обвинител ќе се врши обдукција.