Вчера воо 12.30 часот во полицијата од Итна медицинска помош било пријавено дека во фирма на булевар „Србија“ бил пронајден починат Д.С.(23) од Скопје, соопшти полицијата

Во соопштението на МВР уште се вели дека екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство и за настанот бил известен трудов инспектор. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.