Поради силниот ветер, пожарот од светиниколско, брзо се прошири накај штипскиот дел. Пожарот беснее кај Кадрифаково,Криви Дол и Доброшани, соопшти градоначалникот на Штип, Сашко Николов кој вечерва е на терен.

– Сакам да ги известам граѓаните дека навремено се мобилизиравме и сложно се организиравме сите со цел да спречиме ширење на пожарот!

На терен веќе се противпожарните екипи од Штип и од Свети Николе и заедно со припадници на Армијата и полицијата се борат со пламените јазици. Обезбедени се цистерни со вода како и багери од ЈП Стипион и ЈП Исар. Сите заедно сме на нозе, заедно со група граѓани ги помагаме за побрзо локализирање на пожарот. Апелирам до граѓаните да останат смирени и да ги следат насоките од надлежните институции. Во моменов преземаме се’ пожарот да не се прошири и целосно да се изгасне, порача Николов.