Вчера 14.20 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на ул.„Преспанска“ настанал пожар во куќа сопственост на И.Д.(57) од Ресен, објави МВР.

Притоа, со повреди се здобиле И.Д. и неговиот син М.Д.(19), кои биле пренесени во болницата во Ресен за укажување помош. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Ресен, велат од полицијата. Извршен бил и увид.