На 21.09.2020 околу 01.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„Александар Македонски“, во куќа сопственост на С.Т.(54) од Прилеп, настанал пожар при што изгорела кровната конструкција и дел од вториот кат.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Прилеп. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.