Vestiplus.mk
+ КОРОНАВИРУС ТОП ВЕСТИ

Повторно високи бројки: Денеска се регистрирани 640 нови случаи на Ковид 19 во земјава – починаа уште 12 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2634 тестирања, а регистрирани се 640 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-272, Куманово-43, Дебар-5, Штип-17, Прилеп-41, Тетово-41, Струга-4, Велес-11, Битола-10, Охрид-24, Кавадарци-41, Гостивар-12, Гевгелија-11, Струмица-24, Крива Паланка-2, Радовиш-9, Кочани-20, Пробиштип-3, Берово-2, Валандово-3, Виница-4, Делчево-3, Свети Николе-7, Кичево-17, Ресен-4, Неготино-10.Ккао што стои во извештајот на МЗ, оздравени се 143 лица.

„Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 143 оздравени пациенти од: Скопје-71, Куманово-5 Дебар-1, Штип-7, Тетово-10, Струга-4, Велес-2, Битола-3, Охрид-3, Кавадарци-3, Гостивар-5, Гевгелија-2, Струмица-9, Радовиш-1, Кочани-6, Берово-3, Валандово-3, Свети Николе-2, Кичево-1, Неготино-2.

Починати се 12 лица, двајца пациенти од Велес (79 и 89г), седум пациенти од Скопје (63, 78, 70, 73, 70, 71 и 64г), еден пациент од Прилеп (73г), еден од Штип (72г) и еден пациент од Струмица (85г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 25473, бројката на оздравени пациенти е 18047, на починати е 874, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6552.

Направените 2634 теста се преку: ИЈЗ-758, ЦЈЗ Скопје-114, Авицена-562, Биотек-235, МАНУ -193, Жан Митрев (Филип Втори) -288, Систина со PCR метода -161, лабораторија Лаор –64, Судска медицина-51, ЦЈЗ Битола-115, Инфективна клиника-10, ГАК-7, Синлаб-76, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 229.246 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 20 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 115 пациенти. На кислородна поддршка се 90 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 7 деца и 5 мајки позитивни на ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 43, а во болницата во Штип се 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 262, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

Можеби ќе ве интересира...

Се огласи Филипче: Има потврдени 10 жртви, бројката може да порасне – да не се шпекулира

В+

Овие 5 симптоми откриваат дали имате висок шеќер во крвта

Vesti +

Јетон Шаќири е новиот министер за образование и наука

Vesti +

СДСМ: Пратениците да го поддржат ребалансот на Буџетот, за поголеми плати и пензии и заштеда на 200 милиони евра

Vesti +

Нови 89 случаи на коронавирус во Македонија

В+

Средба на министерот Спасовски со рускиот амбасадор Сергеј Александрович Баздникин

Vesti +