Денес се регистрирани 476 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 297.378- Оздравени се 524 пациенти – пријавени се 17 починати лица.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.781 тестови, а регистрирани се 476 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 270, Прилеп – 25, Куманово – 24, Битола – 21, Кавадарци и Кичево – по 18, Гевгелија – 16, Велес – 13, Тетово – 12, Гостивар – 9, Неготино – 8, Охрид – 7, Струга и Крива Паланка – по 5, Кочан – 4, Радовиш и Кратово – по 3, Струмица, Берово ,Богданци, Демир Хисар и Демир Капија – по 2, Ресен , Дебар, Пробиштип , Крушево и Македонска Каменица – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (476), регистрирани се 68 реинфекции.

Регистриран сe 524 оздравени пациенти од: Скопје – 318, Кавадарци – 28, Велес – 23, Куманово и Струмица – по 22, Тетово – 18, Охрид – 13, Гостивар и Гевгелија – по 11, Неготино, Радовиш и Дебар – по 7, Штип и Струга – по 6, Свети Николе и Валандово – по 4, Демир Капија – 3, Кочани, Крива Паланка , Пробиштип и Богданци – по 2, Прилеп, Делчево, Берово, Кратово, Пехчево и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 9 починати лица: 3 починати лица од Скопје (62г, 64г и 74г) и по едно починато лице од Куманово (78г), Радовиш (71г), Кочани (82г), Битола (73г), Кавадарци (47г) и Прилеп (86г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 8 починати лица од: Скопје (3), Куманово (1), Велес (1),Демир Хисар (1), Струмица (1) и Дебар (1). Починатите лица се на возраст од 63г. до 89г. Лицата за починати се пријавени во период од 16.02. до 27.02.2022. Од пријавените лица три лица се починати во домашни услови, а пет лица се починати во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица, кај 17 лица се регистрирани коморбидитети.

Направени се 2.781 тестови преку: ИЈЗ-313, ЦЈЗ Скопје-50, ЦЈЗ Битола-56, ЦЈЗ Прилеп-38, ЦЈЗ Тетово-3, ЦЈЗ Куманово-73, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-17, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–9, Жан Митрев (Филип Втори)-51, Авицена-94, Биотек-161, Систина-93, лабораторија Лаор-59, Синлаб-12, Ремедика-17, Плодност-21, Генеа-7, Никоб Лаб-218, ВФВ Медикал-41, Ели Медика-35, Ројал Медика–15, Спектра-ММ-15, Рапид Лаб–8, Жан Митрев Струмица–6, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-24, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.339.

Досега во земјата се направени вкупно 1.893.409 тестирања на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 297.738, бројот на оздравени пациенти е 285.280, на починати е 9.027 а бројот на активни случаи изнесува 3.431.