Следува период на стабилно, сончево и топло време. Особено топло ќе биде во понеделник и вторник кога максималната температура повторно ќе го достигне 40-тиот степен.

Прогноза за 09.08.2021
Минимална температура: 13°C до 22°C
Максимална температура: 33°C до 41°C
Сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. УВ=9

Прогноза за 10.08.2021
Минимална температура: 14°C до 23°C
Максимална температура: 34°C до 41°C
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, на места повремено засилен ветер од северозападен правец. УВ=9

Прогноза за 11.08.2021
Минимална температура: 14°C до 23°C
Максимална температура: 31°C до 39°C
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за појава на локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=9