Kaко што пишуваат српските медиуми, во инцидент што се случи денеска во преградието на Чикаго, Бур Риџ во кој е убиен Србинот Никола Мишовиќ (30), повредена е и една 31-годишна девојка која по потекло е од Скопје.

Убиецот Џереми Спејсер (31) од Арканзас кој бил запослен како возач во фирмата “Winners Freight LLC”, чиј сопственик бил убиениот Никола Мишовиќ пукал во него, а потоа продолжил во друга компанија „Force” која се наоѓала во истиот објект, а на кој сопственик е Македонец. Тој претходно бил отпуштен од компанијата и сакал да се одмазди.

Во компанијата пукал во девојката, која моментно се наоѓа во болница на интензивна нега.

Повредената девојка според Mondo.rs е од Македонија, погодена е со три куршуми, во ногата, во рамото и во раката. Таа е итно оперирана и лекарите успеале да и ја спасат ногата, а и претстои уште една операција на раката.

Вооружениот напаѓач по убиството побегнал од местото, но полицијата набрзо го пронашла во близина на објектот во кој го извршил маскарот. Кога бил опколен и повикан да се предаде, осомничениот пред полицијата си пукал во глава.