Спасувачките тимови од Босна и Херцеговина продолжуваат активно да учествуваат во спасувачките операции на разурнатиот југ на Турција.

Како што вели Фахрудин Добрача од Планинарската спасувачка служба Нови Град – Сараево во разговор за „Аваз“, една од екипите влегла во 25-тиот час активна работа и потрага.

Најтешко им е што почнале да пронаоѓаат мртви луѓе. Ситуациите во кои се наоѓаат се многу стресни и се чувствува замор. Спијат два до три часа.

– Работата е многу тешка, но халал е за овој народ кој доживеа ваква несреќа и катастрофа. Хаос е, страшно е овде. Вчера имавме огромна стресна ситуација, мајка, дете и татко… Земјотресот ги затекна во скалила и ги најдовме прегрнати. Ни остави огромен белег – изјавил тој за босански Аваз.

Тој додава дека екипата од пет члена на ГСС влегла во 25-тиот работен час.

– 15 од вооружените сили на Босна и Херцеговина бевме во фаза на мал одмор и штотуку се подготвуваме да тргнеме во потрага. Има некои индиции поради кучињата кои одбележаа еден дел и се надеваме дека ќе најдеме живи луѓе – вели Добрача за Аваз..