Vestiplus.mk
+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Потпишани договори за соработка со општините Делчево, Валандово, Чучер Сандево и Центар Жупа за инсталација на фотоволтаични соларни системи во пет училишни објекти

На 9 ноември 2022 година, извршната директорка на Фондацијата Отворено општество – Македонија, Фани Каранфилова-Пановска потпиша договори за соработка со градоначалниците на општините Делчево – Горан Трајковски, Валандово – Перо Костадинов, Чучер Сандево – Сашко Комненовиќ и Центар Жупа – Аријан Ибраим. Со потпишувањето на овие договори Фондацијата Отворено општество – Македонија се обврза преку избран економски оператор да инсталира фотоволтаични соларни системи на пет училишни објекти, а општините се обврзаа да го преземат одржувањето на инсталираните системи, со што ќе бидат задоволени потребите за електрична енергија на овие училишта во кои настава посетуваат вкупно 1300 ученици.

Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), во текот на 2022 година, реализираше посети на повеќе локации во државата со цел да се идентификуваат училишта во помали населени места, рурални и урбани, во кои постојат соодветни технички можности за изведување и инсталација на фотоволтаични соларни системи. По што, ФООМ од сопствени средства и како дел од регионалната иницијатива спроведувана и во Албанија, Србија и Косово, ги избра четирите општини – Делчево, Валандово, Чучер Сандево и Центар Жупа – за реализација на донацијата.

Пет училишни објекти од кои два средношколски училишни центри – СОУ „Гоце Делчев“ во Валандово и СОУ „Методи Митевски Брицо“ во Делчево, и три основни училишта во рурални подрачја – ООУ „Страшо Пинџур“ – село Јосифово, Валандово, ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – село Кучевиште, Чучер Сандево и ООУ „Неџати Зекирија“ – село Новак во Центар Жупа, се дел од овој проект.

Целта на проектот е да се овозможи искористувањето на сончевата енергија и рационално користење на енергијата во пилот-училиштата со што ќе се поддржи еколошката транзиција на институциите, а истовремено ќе се стреми кон создавање т.н. зелени училишта преку едукација и вклученост на учениците и вработените за подобрена енергетска ефикасност.

Можеби ќе ве интересира...

МВР: Најостро ги демантираме дезинформациите што денеска ги пласираше политичката партија ВМРО-ДПМНЕ

В+

СДСМ: Три месеци Арсовска само се правда и не реализира готови проекти важни за Скопје

Vesti +

Барем таму можеме без него: Еве зошто никогаш не треба да го носите вашиот мобилен телефон во тоалет

Vesti +

Николовски: Од доаѓањето на власт на СДСМ субвенциите за земјоделците се пораснати за 300 отсто

В+

Прегазен пешак во Тетово

В+

Акциска контрола во Прилеп, две лица приведени, 51 санкционирани возачи

В+