Ракетниот крстосувач Москва, главниот брод на руската Црноморска флота, потона во Црното Море, соопшти руското Министерство за одбрана, а пренесува агенцијата ТАСС.

Загубата на Москва не е само значаен удар за руската инвазија на Украина, туку и голем срам за рускиот претседател Владимир Путин, пишува Sky News.

Имено, Москва е првиот крстосувач кој е потопен во конфликтот на море по Фaлкландската војна. Тоа би можело да биде најголемиот воен брод што потонал од 1995 година. Москва тежел 12.500 тони, што е повеќе од генералот Белгран, аргентинскиот крстосувач што потона по нападот на британската подморница во Фaлкландската војна.

Украина тврди дека рускиот крстосувач бил погоден со два противбродски проектили во средата. Но, Русија не го потврди нападот. Наместо тоа, руската страна изјавила дека на бродот настанал пожар на што муницијата експлодирала и направила голема штета. Бродот потонал кога бил извлечен на брегот поради невремето.

Зошто е тешко да се поверува во руското објаснување?
Западните претставници посочуваат дека е „многу тешко да се поверува“ во објаснувањето на Русија за тоа што ја предизвикало штетата, додавајќи дека, доколку е вистина, тоа би укажувало на сериозна неспособност на руската армија. Од друга страна, украинските тврдења звучат „веродостојно“, според западните претставници.

Во секој случај, загубата на толку важен брод дополнително ќе ја врати Русија назад во осумнеделната војна против Украина, во текот на која руската страна не постигна големи победи, а претрпе значителни загуби во работна сила и опрема, пишува Скајњуз

Путин порано или подоцна ќе мора да објасни зошто неговиот команден брод сега се наоѓа на дното на Црното Море. Потонувањето значително ќе го подигне моралот на Украина, земја која Русија продолжува да ја напаѓа со проектили, ракети и тенковски гранати.

Ако наводите на Украина за ракетни напади се покажат точни, тие исто така ќе укажат на нивната способност да напаѓаат бродови од брегот, што значи дека други руски бродови може да бидат загрозени, нешто на што нивните команданти не сметаа.