На 01.04.2022 во 16.00 часот во Полициската станица Центар, С.С.(28) од Скопје, пријавил дека околу 09.30 часот на ул.„Рајко Жинзифов“, додека бил на работното место во ЈП „Паркинзи“ – општина Центар, тој и Р.Р., исто така, вработен во јавното претпријатие, биле нападнати со метален предмет од И.Б. поради поставен блокатор на неговото возило.

Според пријавеното, И.Б. ги оштетил и блокаторот и службеното возило на јавното претпријатие.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.