Vestiplus.mk
+ ТОП ВЕСТИ

Последниот статус на д-р Трајче Нешковски кој неуморно се бореше во ковид-центарот: Секоја генерација си има своја борба, секое време си има свои херои

Секоја генерација си има своја борба, секое време си има свои херои, напишал на 11-октомври по повод Денот на востанието на Македонија, а во контекст на ауктелната борба на лекарите во ковид 19 кризата, младиот пулмолог доктор Трајче Нешковски, кој во средата ненадејно почина.

https://www.facebook.com/tneskovski/posts/10220473690325532?__cft__[0]=AZWdQsqCZyh6RD-3OYQNrqGru51POYppB5ULVzFO1nZTt8AWVZ119R2fqYmZlu9cU9OYdUe0x00vZTEsvRoGLCUF56EY55UOWPY3S2nXW3wHfSiHvojUOjtL2H-4EwM6WCw&__tn__=%2CO%2CP-R

32 годишниот доктор неуморно работеше во ковид центарот во скопско Козле, за што сведочат и неговите објави на социјалните мрежи за време на самиот зачеток на коронавирус кризата:

https://www.facebook.com/tneskovski/posts/10219780582558271?__cft__[0]=AZV9sKnbxytoXJMcW5iBRjgT87u7KaKNcocIKgq8WoeOg7Tvvr3vZlqrf90P8mHVpUHxdvi5uKd1-m7vBucpmAIuCbdKXspT04AdZOLlKN-j_GVPR0NM1sjEQ1kZXJIvUm1dwY-v3-ItICVSioR6K6-6kBPVBS0VOFAhg74Qb-i1xg&__tn__=%2CO%2CP-R

Најголемата битка со коронавирусот не се води на улиците, не се води во домовите или на прес-конференции туку на Инфективна клиника, споделил во една прилика Нешковски.

https://www.facebook.com/tneskovski/posts/10219376017684402?__cft__[0]=AZVSKjZFkK_JiKsekRXryT-mU2rSsyraRJRYx13-hExHSst_qGeZ7t_ClOEYr23gAs3s2linFhmPQUfnqX6updATH5MYNOo65wJe5qn58kTEFX0DJPrU8c4QTs9DConpbrtk7PpSRPrzivpkwGxb7ku771cZ5oaA8QJDrsUMcO045zuJzD85Fu1BVAhQBg87O3ii_J8plFCZZaCmpwiOuavQ&__tn__=%2CO%2CP-R

 

Нешковски беше и доскорешен генерален секретар на младите социјалдемократи, а неговата смрт беше примена со неверување кај членството на партијата, со оглед дека се работи за човек кој имаше широки познанства и пријателства низ целата земја.

За прераната смрт на својот сопартиец и борец изразија, премиерот Зоран Заев, министерте Венко Филипче, Оливер Спасовски, вицепремиерите Љупчо Николовски и Радмила Шеќеринска, како и голем број на видни личности од јавниот живот, како и граѓани.

https://www.facebook.com/zaevzoran/posts/10159105073102932?__cft__[0]=AZWT4g7FChcK5G6Q2MXGECXvNoVCca7ng8TYCkyb0FOVdGSPE0mqpGAKbQYehl1XA9K2Rzz1ajMXtJWdhrSjNeKEz–U0XoTF-c6UC5zHRXYuXye2j-rFTmGt9T6nFIBnWviRgty1E5nR_oGjZLxeEf6dB57DsowRp3OZj8hqlNShb-vQATQi6Wz8d1WkMQi0hE&__tn__=%2CO%2CP-R

Можеби ќе ве интересира...

Приведени крадци од Кавадарци

Vesti +

МТСП: Градинките ќе продолжат со згрижувачката дејност и во време на штрајк

В+

Полициска рација во гевгелиско:Запечатени ресторани и дискотеки

В+

Снег вее на повеќе патни правци низ Македонија – Еве каде има забрани и каква е состојбата

В+

Приведен дилер од Кичево, при претрес пронајдена дрога

В+

Голема акција на МВР: Проанјдена дрога, уапсени 7 лица

Vesti +