Момче од Македнија, на возраст од 14 години, кое било на семеен одмор во Ниш, Србија било каснато од опасната змија поскок денеска, пишува Центар.мк.

Момчето итно било пренесено во Универзитетскиот клинички центар, каде добил серум против отров за змија.

– Денес, на Детската клиника е примен малолетен пациент со повреда од каснување од змија на лицето. Имаше оток на левиот образ, кој беше саниран. Добил Антивиперинум и нема никакви компликации, добро реагирал – велат од Клиничкиот центар во Ниш.