Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,54 % во однос на Одлуката од 31.1.2022 година.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари/литар, додека малопродажната цена на Еуродиезел (Д-Е V) се зголемува за 2,00 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,815 денар/килограм и сега ќе изнесува 46,537 ден/кг.

Од 8.2.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин Еуросупер БС – 95 81,00 (денари/литар)

Моторен бензин Еуросупер БС – 98 83,00 (денари/литар)

Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 73,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 46,537 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 3,662 %, кај дизелот за 4,010 % , кај екстра лесното масло за 3,372 % и кај мазутот за 4,670 %.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,347 % .