17.9 C
Скопје
21/Сеп/2021
Vestiplus.mk
Home » Поскапуваат бензините – еве за колку
+ БИЗНИС ТОП ВЕСТИ

Поскапуваат бензините – еве за колку

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.09.2021 година, и со то малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,00 ден/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,00 ден/литар.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.09.2021 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 63,50 ден/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 63,00 ден/литар.

Можеби ќе ве интересира...

„Симулациската вежба за размена на информации во реално време“ во Охрид

Vesti +

90 отсто од пациентите лекувани со нов израелски лек против ковид-19 за 5 дена биле пуштени дома

В+

МВР со детали за трагедијата во која почина д-р Трајче Нешковски

В+