Цената на нафтата денеска на меѓународните пазари порасна на 81 долар, бидејќи трговците шпекулираа дека Саудиска Арабија ќе ја намали понудата и на почетокот на следната година, со оглед на знаците за слабеење на побарувачката.

На лондонскиот пазар цената на нафтата за барел со датуми на испорака во јануари по пладне порасна за 99 центи и изнесуваше 81 долар. На американскиот пазар барелот со датуми на испорака во декември се тргуваше за 93 центи повисоко, на 76,67 долари.

Извор: BiznisPRO.com