Сергеј Марков, поранешниот советник на рускиот претседател Владимир Путин кажа дека борбениот брод „Москва“ потонал откако го погодила ракета на НАТО.

Ракетата на НАТО била префрлена во јануари во Украина, а тие ја искористиле за да го потопат огромниот брод на Русија.

Бродот од 186 метри потона, а се тврди дека загинале до 300 морнари, иако Русија објави претходно дека сите 510 морнари биле евакуирани.

Според руската страна, бродот потонал поради експлозија на муницијата, додека Украина објави друго сценарио.