Андреј Кортунов, поранешен помошник на рускиот претседател Владимир Путин и помошник за надворешна политика во Думата на рускиот парламент, за Би-Би-Си изјави дека ситуацијата во Украина е трагедија која можеше да се избегне.

Кортунов смета дека мировниот договор ќе биде исклучително тешко да се постигне и дека на Путин му треба нешто за да го прогласи.

„Тој не може да прогласи пораз, бидејќи политички гледано, тоа би било премногу ризично за него“, рече Кортунов.

Тој рече дека тоа би било незгодно за Западот, бидејќи ќе се смета за смирувачко.

Тој како можни кандидати за изнаоѓање решение ги предложи Ангела Меркел или кинескиот претседател Си Џинпинг.

Да потсетиме, денеска е осми ден од руската инвазија на Украина, а во 13 часот се очекува нова рунда преговори меѓу двете земји.