Борис Карпичков вели дека рускиот претседател Владимир Путин е тешко болен и има уште три години живот.

Информацијата наводно ја добил од неименуван агент на ФСБ, а веќе со месеци се шпекулира за лошата здравствена состојба на Путин, иако Сергеј Лавров денеска кажа дека на рускиот лидер не му е ништо.

Карпичков тврди дека Путин има тешка форма на рак кој брзо напредува и затоа тој го губи видот и има уште три години живот.