Поранешниот директор на американската разузнавачка служба (ЦИА), Дејвид Петреус, зборуваше за Си-Ен-Ен за актуелните настани во Украина.

Денеска е петти ден од руската инвазија на Украина, а Петреус смета дека Путин „засега оди ужасно“.

„Мислам дека севкупно му оди ужасно. На стратешко ниво, тој во суштина го обедини најголемиот дел од остатокот од светот, САД, Европската унија и многу земји кои не се членки“, рече Петреус.

Тој потсети дека Германија минатата недела најави инвестиција од 100 милијарди евра за армијата, дека многу земји испраќаат оружје во Украина и многу други последици што си ги нанесоа Владимир Путин и Русија претходните денови.

Што се однесува до заканите на Путин со нуклеарно оружје, Петреус го смета за „вистинска закана“.

„Треба да се сфати сериозно“, рече поранешниот директор на ЦИА.