Организациониот секретар на СДСМ Мартин Попов заедно со градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски одржаа маалска средба каде со граѓаните разговараа за се она што досега е направено и за се она што следи во оваа општина.

„СДСМ секогаш носи политики кои се во полза на граѓаните. Во изминатите четири години за општина Кисела Вода се направи многу и во сите области. Реконструирани беа 16.7 километри регионални патишта а во тек е надградба на локалната патна мрежа.

Регионалниот пат Јурумлери- Драчево, како и Драчево- Орешани – Таор се завршен во 2019 година. Од локалните патишта во тек е реконструкција на улицата Живко Фирфов, реконструкција и рехабилитација на коловоз на улица 1 во с. Усје, а во 2020 година завршени се улиците Саса и Јабланица во населбата Пинитија, коловозот на улицата Сердарот во село Драчево- истакна Попов.

Попов посочи и за инвестициите во подобрување на условите за најмалите, во тек е изградба и опремување на градинката во Драчево која ќе биде со капацитет од 120 деца. Покрај ова се инвестираше во замена на нееколошкиот систем за греење во градинката ЈГД 8 Март, клоновите Пеперутка 1 и 2, санација на покрив, санитарни јазли и дел од подна плоча во училиштето Златен Сремец како и во ОУ Кузман Шапкарев во Драчево. Инвестираме и во комунална инфраструктура, во тек е изградбата на секундарна пречистителна станица во Драчево.

За нас секој човек е важен, секоја општина е важна. Тоа е СДСМ! Секогаш го имаме најдоброто за граѓаните, СДСМ работи и ќе продолжи да работи заедно со граѓаните на секој град на секоја општина, на секое населено место, граѓаните од секоја етничка заедница.Се што граѓаните ќе побараат ќе биде нотирано, анализирано и проектите кои се реални и остварливи ќе бидат дел од предизборната програма која понатаму ќе стане Програма за работа на општината, заклучи организациониот секретар Попов.