-Идејата на пропагандата и дезинформациите е практично да ги еродира демократските вредности и либералните теми во која се поставени општествата. Тоа е практично со неиспукан куршум да срушите цела една влада или цела едно општество. Затоа не смееме да се повлечеме и не смееме да се откажеме. Мора да не застанеме тука мора да преземеме и како држава и како НАТО членка и како кандидат за ЕУ малку по стратешки пристап, нагласи Весна Попоска, деканка на Правниот факултет при универзитетот „Визион“ во Гостивар во интервју за ЦИВИЛ Медиа.

„Состојбата со дезинформациите, за жал не можам да кажам дека станува подобра и не сум оптимист дека нешто ќе се промени за скоро на подобро, напротив мислам дека тоа ќе биде една од клучните стратегиски алатки за стекнување на моќ. Како што знаете се промени и контекстот и на безбедносната средина и на војната, и начинот како државите војуват меѓу себе или освојуваат некакви опеределени стратешки цели, нагласи Попоска.

Меѓу другото, таа истакна дека имаме бројни примери какви штети можат да предизвикуваат дезинформациите пандемијата на КОВИД беше најизразениот пример, сега во контекст на Руско-украинската војна повторно сме соочени со истите предзвици. Но, и дома, каде според една студија најголемиот проблем за дезинформациите или најголем извор на дезинформациите се политичките партии.

Според Попоска, дезинформациите влегуват во хибридното војување или новиот начин на закани. Еклатантен пример е еден случај во 2020 каде поради фалсификувано писмо од Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, наводно поради лошо справување на КОВИД кризата од страна на одредена држава беа повлечени армиски сили.

„Тука би го потенцирала, особено во нашиот котекст, влијанието на таканаречените инфлуенцери и нелојалната конкуренција меѓу медиумски сервиси који се регистрирани и делот на слободни интернет медиуми“, порача Попоска.

Попоска понатаму истакна дека најтешката работа ја имаат новинарите, затоа е многу важно квалитетно новинарство. Информациите да се пласират проверени, како и сервисите за проверка на факти имат важна улога, како и медиумската писменост, важно е да останеме будни како граѓани, и како академска заедница и како медиумска заедница.

„Таа битка не знам дали ке ја добиеме, но не смееме да потклекнеме во обидувањето да се соочиме со проблемот, затоа што ако се повлечеме веќе сме ја изгубиле битката„ порача Попоска.

Назми Абдурахмани

Камера и монтажа: Ариан Мехмети

извор: Civilmedia.mk

Интервјуто е дел од проектот „Отпорно новинарство во борба против дезинформациите и пропагандата“ кој Цивил го спроведува во партнерство со Youth4Media (Y4M), со поддршка од Владата на Северна Рајна-Вестфалија, Дизелдорф, Германија.