Полицијата во контрола фатила возачи кои возат пијани, брзо, минувале на црвено и користеле мобилен телефон
Vestiplus.mk
МАКЕДОНИЈА

Полицијата во контрола фатила возачи кои возат пијани, брзо, минувале на црвено и користеле мобилен телефон

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (25.05.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 196 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 66 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, 15 мерки за непрописно престројување, шест санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло.

Во текот на вчерашниот ден (25.05.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 166 возачи. Од нив, 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 106 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 60 надвор од населено место.

Можеби ќе ве интересира...

Кузеска: Мицкоски е против ЕУ, СДСМ нема да поддржи референдум против македонски јазик во ЕУ

В+

Ужас: Ја натепал мајка си пред трговски центар во Скопје

Vesti +

Маричиќ: Првичните коментари на сите страни вклучени во скрингот се позитивни, првите извештаи за неколку месеци

Vesti +

70 санкции за брзо возење на територија на СВР Куманово

В+

НУРЕДИНИ: Го ставивме Студенчишко Блато под привремена заштита

Vesti +

Битиќи: Со парите, за кои Мицкоски лаже дека сме ги украле, помогнавме на граѓаните и компаниите да ја пребродат кризата

В+