Денеска (29.10.2022) во периодот од 00.00 до 04.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во угостителски објекти во повеќе градови.

При контролата, затекнати се четири лица без документ за лична идентификација, во еден објект утврден е прекршок поради неиздавање фискални сметки, а констатирани се и други прекршоци.