На 08.11.2021 во 22.15 часот на ул,,Пролетерски бригади“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга ги лишиле од слобода З.З.(50), С.З.(24), Е.И.(30) и Е.П.(26), сите од Кичево, затоа што околу 21.45 часот на истата улица физички ги нападнале Б.М.(31) и Р.М.(55), двајцата од Струга.

При преземање мерки, полициските службеници кај Е.П. пронашле и одзеле пиштол „ЦЗ-85 Лугер“ калибар 9 мм и една рамка со 12 куршуми.

По целосно документирање на случајот ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.