На 15.11.2022 во периодот од 08.00 до 15.30 часот, полициски службеници и претставници на Шумската полиција од Охрид извршиле контроли на шумскиот појас „Мазатар“ на планината Галичица.

Притоа, во одделот со кој стопанисувал правен субјект со седиште во Охрид биле забележани 32 бесправно пресечени букови стебла. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.