На 18.02.2022 во 16.10 часот на ул.„Тодор Александров“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода П.Т.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 18.02.2022 во 16.40 часот на ул.„Карпош“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Н.Н.(36), М.Е.(36) и М.Б.(26), сите од Битола, затоа што кај нив била пронајдена прашкаста материја. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 18.02.2022 во 22.30 часот на ул.„Кеј 13ти Ноември“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Т.(31) од Скопје затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 18.02.2022 во 14.50 часот на бул.„АСНОМ“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.К.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.