На 26.12.2021 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 17 прекршоци, од кои 13 надвор од населено место и 4 во населено место. Истиот ден, во периодот од 16.00 до 22.00 часот на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.

Од извршената контрола било констатирано дека 9 возачи управувале возила под дејство на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај, времено им биле одземени возачките дозволи и изготвени им биле прекршочни платни налози. Санкционирани биле и 13 други видови на прекршоци, од кои 11 за управување возило без возачка дозвола, 1 за технички неисправно возило и 1 за некористење сигурносен појас.