На 12.03.2024 во 03.30 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишиле од слобода лице (63) од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, во дворот биле пронајдени и одземени неколку пакувања со бела прашкаста материја. Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 12.03.2024 во 13.10 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје ја лишиле од слобода лице(51) од Тетово, со престој во Скопје. При претрес во нејзиниот дом, извршен со наредба на Основен кривичен суд Скопје, била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. Таа била задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера (12 март) околу 15 часот на улица „18 Ноември“ во Гостивар привеле 35-годишен гостиварец., кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од 14 месеци. Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Идризово во Скопје за издржување на казната.

Вчера (12.03.2024) околу 17.30 часот на регионалниот пат Тетово – Скопје, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода:4 лица, сите од Тетово, и малолетник од Куманово. Тие биле затекнати при извршување кражба, при што одзеле повеќе предмети сопственост на ЈП „Македонија пат“. Одземеното било вратено на „Македонија пат“, а лицата се задржани во Полициската станица Тетово. По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера (12 март) околу 17.30 часот на улица „Илинденска“ во Гостивар лишиле од слобода лице од Виница. Тој се сомничи дека претходно во трговски објект на истата улица одзел повеќе предмети. Тој е задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

На 12.03.2024 во 13.30 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода лице(19) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.03.2024 во 16.10 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода лице (30) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.03.2023 на ул.„Генерал Михајло Апостолски“ во Штип, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Штип привеле тројца од Штип, затоа што кај нив била пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.