Деновиве во Србија, Босна и Херцеговина и Бугарија на сличен принцип како и во Македонија стигнаа десетици дојави за бомби во училишта и образовни институции, пишува Centar.mk.

Во Бугарските медиуми веќе се шпекулира дека дојавите за бомби во оваа земја доаѓаат од проруска партија во Македонија.

И македонската полиција го стега обрачот околу интернет терористите кои со месеци ја вознемируваа јавноста преку злоупотреба на децата.

– „Има група, еден кластер за кој се преземаат низа истражни дејствија, само ова може да се каже за сега. Кога ќе добиеме повеќе докази ќе биде поднесена кривична пријава. Ова е петта пријава до сега. Три се во Скопје, една во Кавадарци и една во Делчево. Кога ке се завршат постапките од истражните дејствија јавноста ќе биде известена. Истрагите се водат во институциите, а не во медиумите и јавноста. Сега има многу информации но и дезинформациии“, рече Оливер Спасовски.

МВР ги открила и ги знае кои се луѓето кои со месеци ги тероризираа родителите и децата.

Ќе има апсења кога ќе има доволно докази, пишува Centar.mk.