На 18.11.2022 во 16.35 часот на ул.„Браќа Ламески“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Р.А.(30) од Прилеп.

Тој бил затекнат при извршување кражба во продажен објект, при што одзел повеќе производи.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.