Голема полициска рација имало синоќа во скопски Грчец, а во акцијата учествувала и пазарната инспекција, дознаваме од извори во истрагата, објави Centar.mk.

Претресуван бил угостителскиот објект „Кава шиша бар“ на познатиот Шеваљ од Грчец. Гoстите биле претресени,кај еден бил пронајден и нож, а поради незаконско работење објектот бил запечатен.

Од МВР ја потврдуваат акцијата, но детали најавуваат во текот на денот.