Полицајци ги кршеле правилата: Дисциплински постапки за тројца полицајци, расчистен случајот со нелегалното користење „флешери“
Vestiplus.mk
+МАКЕДОНИЈА

Полицајци ги кршеле правилата: Дисциплински постапки за тројца полицајци, расчистен случајот со нелегалното користење „флешери“

По извршени детаљни проверки од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, ја известуваме јавноста дека комплетно е расчистен случајот со нелегалното користење т.н. флешери за кој во јавноста беа пласирани низа шпекулации, соопшти МВР.

Од обезбедените видеоснимки и други службени материјали, како што велат, утврден е идентитетот на возачот, Г. К. (29), кој управувал возило што е во сопственост на правно лице.

Според надлежното министерство, на Г. К. во полициска станица му е изготвен записник за констатиран прекршок од Законот за безбедност во сообраќајот и поведена е прекршочна постапка против правното и одговорното лице. Исто така, по извршена контрола врз возилото во полициска станица, утврдено е дека се отстранети нелегално поставените флешери.

По детаљни проверки на службените материјали, како и преглед на видеоматеријал и фотографии, констатирано е дека на 26.11.2022, во 17.25 часот, во СВР Скопје добиена е анонимна пријава дека патничко возило „мерцедес“, со скопски регистерски таблички, со голема брзина и вклучени флешери се движи од Качанички Пат кон Скопје по што се известени службите на терен за да го запрат возилото. Но, по неколку минути, В. А., раководно лице во СВР Скопје, дал насоки да се повлече објавата, односно да не се запира возилото затоа што, како што кажал, било службено и со тоа довел во заблуда двајца полициски службеници од Центарот за известување и команда, кои без проверка ја повлекле објавата и ја запреле потрагата по возилото.

Против тројцата се изготвени иницијативи за дисциплинска постапка од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Можеби ќе ве интересира...

УЖАС: Прегазена жена- велосипедист среде Скопје, пренесена во градска

Vesti +

Инцидент во кафеана во Центар – Се степаа женско и машко лице

Vesti +

113 санкционирани возачи на мотоцикли на територијата на цела држава

Vesti +

Шаќири: Инклузијата е неминовен процес со што се става крај на подредената положба на учениците со атипичен развој

Vesti +

Средба Тренчевска-Рана: Воспоставувањето на соработка помеѓу Северна Македонија и Индија, ќе донесе придобивки за граѓаните на двете држави

Vesti +

Забрчанец: Отворен Балкан не може да биде замена за ЕУ, но е забрзувач на нашата евроинтеграција

Vesti +