Украинскиот преговарач и советник на претседателот Володимир Зеленски, Михаил Подољак, се огласи на својот официјален профил на Твитер.

– Во јужните делови на Украина, руските окупатори собираат податоци од пасошите на Украинците со делење на мали суми пари во руска валута. Една од причините за тоа е обидот да се организираат фиктивни „референдуми“. Технологијата е бесмислена. Украина плаќа пензии и плати насекаде – напиша Подољак.